Рамазан е многу оригинален начин да се прочисти обожавањето и да се доживее слаткиот сок на душата. Ја успорувадимензиата на физичките потреби и желби, заменувајќи ги со акцентот на духовноста. Во Рамазан го запираме нормалниот проток на времето како резултат на приоритетот што  го ставаме на богослужбата и создаваме нова димензија на време што нè сместува во сферата на вечноста. Така, излегуваме од нашата секојдневна рутина и започнуваме да разговараме сами со себе и се обидуваме да се погледнеме внатре во себе. Забавувајќи ја циркулацијата и динамиката на животот, Рамазан создава можност да нè ослободи од материјалните рутини и да нè врати во првобитното постоење.

Исто така, Рамазан е предизвик да се отстрани концептот на секојдневието на модерноста, поточно, тој го отстранува концептот на животот само на хедонистичка оска, дека човекот може да биде задоволен само од исполнувањето на материјалните желби и го потенцира концептот дека постои живот надвор од страста и алчноста.

Човекот доживува состојба на зачуденост кога ја напушта рутината на животот. Рамазан со својата возвишена димензија, како резултат, доаѓа пред нас како можност за продлабочување и убавина. Тој нè оддава од нештата и ни го отвора патот да патуваме во познавање на суштинската вистина. Искуството од глад носи чувство дека светот е смртоносно и времено место.Искуството на глад го учи човекот за вистината дека животот не е вртлог на непрекината циркулација за материјално задоволство и дека постои и димензија надвор од материјално задоволство. Ова е духовно задоволство што верникот го доживува во Рамазан. Тогаш, кога ќе се откажеш од материјални задоволства во корист на духовните задоволства. Бидејќи во Рамазан, верникот се преселува во една сосема друга димензија на размислување и постоење. Антропоцентричниот и егоцентричниот систем во нашиот секојдневен живот во никој случај не може да се меша во оваа димензија. Ова е причината зошто Рамазан претставува духовна издржливост на верникот во однос на искушенијата на секојдневниот живот и рутина.

Мора да запомниме дека Рамазан е исто така е пост од лош збор, лошо однесување, гнев. Во Рамазан постиме и не се приближуванме на сето тоа што е лошо. Значи, овој месец е одлична можност човекот да го едуцира својот карактер, да го огради егото, да избегне бесрамност и самосолнување. Како резултат на тоа, првиот чекор во едукација на егото е враќање на човекот во неговата душа. Влегување во режимот наслушање на внатрешниот  глас. Душата има способност да се грижи за потребите на телото. Без оглед колку се различни животните приказни на луѓето, главниот проблем со кој се соочуваме е животот што е спротивно на природноста.Кога човекот е премногу зафатено со оваа тема, тој нема време да ја слуша душата. Непотребните грижи за иднината постепено го одземаат човекот од неговата природност. Ова предизвикува душата да биде вознемирена. За жал, денешниот човек живее толку брзо што не може да ги слушне ниту плачењата на сопствената душа. Во овој контекст, Рамазан ни помага и со забавување на супстанцијата, овозможува да се слушне плачот на душата и да се чувствува потреба од соодветна храна. Особено концентираноста на обожавање значително служи да се слуша внатрешниот глас. Фактот дека молитвата е пет пати на ден има многу ефекти што се добри за човечката душа. Благодарение на молитвата, без оглед колку е натрпан животот, се прават задолжителни паузи на работа. Овие паузи се единствениот начин човекот да комуницира со неговиот внатрешен свет. Молитвата, особено кога постиме, е најубавата форма на терапија за верникот.

Современата цивилизација се заснова на „ненадејно задоволство“, „импулсивизам“ и „динамизам“. Во срцето на сето ова е бегството од смртта и, следствено, филозофијата на негирање на смртта. Неодамна, особено по почетокот на пандемијата Covid19, гледаме дека смртта се перцепира како темна работа. Таа е скоро протерана од животот, а луѓето немаат храброст да се соочат со нејзината вознемиреност и со состојбата на свеста што ја носи смртта. Лицето кое е премногу динамично губи многу основна способност, фокусот на размислување. Во свет каде сè е брзо, шансите на луѓето да се вратат внатре и да разговараат со себеси се намалуваат. Рамазан го запира човекот и го усмерува да размислува и да разговара со неговата внатрешност. Се разбира, да разговараш со себе значи да бидеш отворен за разговор со трансцедентот.

Постмодерното его е многу флуидно, завземаразлични форми и ни е претставено како многу плитко его. Така, ни се претставуваат стотици фотографии на вештачко его. Луѓето носат различни маски во различни средини. Денешниот човек постои со тие маски. Тој нема стабилно его. Се занимава со секојдневни интереси. Ова е состојба што ја оштетува и поткопува суштината на фактот да се биде човек. Суштината на поимот„да се биде човек„се состои во фактот да се прифатат некои многу основни емоции.Доблестите што ја дефинираат суштината на поимот„да се биде човек се лубовта, дарежливоста, довербата, споделувањето на вредности, комуникацијата, чувствителноста  за проблемите на другиот. Кога некое лице има плитко его, овие основни квалитети се оштетени. За жал, „тоа што до вчера беше грев, денес се аплаудира како доблест“. За жал, алчноста денес се претвори во претприемништво. Како резултат на тоа, она што денес се прифаќа како заслуга во минатото, се сметаше за срам.

Денес, ароганцијата и нарцизмот станаа самодоверба. Болните души што луѓето ги поседуваат, за жал, се негуваат од постмодерната капиталистичка култура. На луѓето им се вели дека треба да имаат многу доверба во себе. Дури мора да имаат доверба во себе повеќе од кој било друг. Не мора да се потпирате на други луѓе. На некој начин, овој менталитет подготвува човекова изолација и карантин. Рамазан е длабоко искуство за лекување на овие болести од нашето време. Интимноста и блискоста со искуството на глад нè поттикнува да станеме емпатични и нè оддава од самоизолација. Меѓутоа, човек кој заради возвишена цел може да остане гладен, може да направи многу сериозна еволуција кон разбирање на другите луѓе.

Рамазан не е само верско обожавање. Во исто време, тоа е голема културна преродба. Тоа е емоција која нè прави да се чувствуваме каде припаѓаме. Во кој концептуален круг припаѓаме? На што се осврнуваме за да му дадеме  смисла на нашето постоење?

Рамазан е концепт што одговара на овие прашања. Тоа е нешто што ги потсетува децата за тоа кои се. Децата одеднаш се сеќаваат кои се навистина – дури и ако заборавиле – ја доживуваат радоста на ифтар и ја апсорбираат духовната атмосфера што доаѓа со Рамазан. Затоа, Рамазан е многу важен во однос на изразувањето културен континуитет и можноста за ориентирање на нашиот идентитет. Тоа е месец кога се даваат здрави одговори на прашањата кои сме и каде припаѓаме. Со длабокото вдахнение на Рамазан, можеме да ги насочиме нашите животи на поубав и смислен начин.

Се разбира, кулминација на сето ова е дека Рамазан нè потсетува на фактот дека ние не ги живееме нашите животи само за овој свет и дека животот има многу поголема цел. Светот е место за сместување, телото е кревко и смртно живеење. Не е многу значајно да се живее живот што ги има овие карактеристики. Живот што е толку  кревок и што може да заврши така веднаш. Овој живот на некој начин ни кажува „Отаде мора да има друг живот, награда“. Во Рамазан, ова реалност го разбираме уште еднаш, и тоа колективно. Тоа е период на време што колективно не потсетува дека нашиот живот не е изгубен, но постои за да му служи на Создателот и да му се заблагодариме само Нему. Мислам дека тоа е најважното нешто…