Постот е религиозно духовно искуство кое постојано се движи помеѓу разумот и срцето. Како што на верата и треба ментално расудување, така и разумот треба да се увери. Во месецот Рамазан, а особено во процесот на пост, разумот и срцето, поточно разумот и покорноста, заеднички го доживуваат духовното искуство на спокојството и посветеноста.

Постот е еден од петте постулати на исламот, како и еден од петте главни столба кои ја држат живоста на верувањето на муслиманите. Поточно, постот е знак на доверливост и верност кон Создателот и на некој начин претставува проверка на прифаќањето на реалноста заедно со посветеност кон Него. Постот ги опфаќа трите главни делови на исламската вера. Тоа е дискурс за издржливост, срдечно прифаќање и социјално дејствување. Целта на постот не е да ги одврати луѓето од страстите и да ги казни. Напротив, тоа е длабок одговор на повикот на Аллах џ.ш. со вера полна со емоции. Постот има за цел, во одредено време со посебно духовно влијание, да му овозможи на човекот да има внатрешен мир упатувајќи го да извршува верски должности, да се сеќава и да размислува за гревовите и другиот свет. Сепак, акцентот е ставен на фактот дека ова фиксно време треба да биде почеток на процес што ќе биде распределен во единаесет месеци од годината. Овој отпор, всушност, му ги отвора на муслиманите вратите на промената и духовниот развој, крунисан со психолошко спокојство. Ајетите од Куранот нагласуваат дека главната цел на постот е дека со упорност и активно трпеливост, човекот достигнува највисок степен на вера и самопожртвуваност заради Создателот. Со други зборови, искреноста што го овозможува постот е резултат на сочувство и смиреност во општествената акција, на градење на чувство на препознавање и разбирање на доброто и злото, и следствено со нивната интеракција со муслиманската вера.

Постот не е реакција, туку акција. Таква е и религијата. Таа, заедно со сите нејзини практики, сака да го отвори патот за добро и да го избегне злото од индивидуата и општеството. Обожавањето нема карактер на лекување на разни нарушувања на духовната рамнотежа, туку постои за да се воспостави индивидуална и социјална рамнотежа. Човекот не пости и не се моли да лекува психолошки болести, туку пости или се моли да создаде свет во кој нема да има психолошки притисок. Обожувањето, особено, ја истакнува силната волја за едукација на егото. Процесот на едукација на егото продолжува со напуштање на злата и гревовите и зајакнување на елементите на стабилност помеѓу срцето и разумот. Ова е причината зошто Рамазан може да се смета за идеална можност да се избегне измамата, кражбата, клеветата, ароганцијата, лицемерието и слично. Потоа, користејќи ги духовните механизми на молитвата, особено додатните необлигативни молитви, како што се таравих и ноќниот намаз, духовното влијание на големата Ноќ на Кадр, која Куранот ја карактеризира како повредна од илјада месеци, давање на милостиња, верникот презема активности за стекнување навика за добро и создавање на вредности. Во овој контекст, Рамазан е аксиолошки камп, каде што секое општество, во рамките на своите околности, има можност да му донира на човештвото многу работи што денес, за жал, ги изгуби.

Рамазан исто така го покажува фактот дека суштината на човекот е изградена од разум и срце, односно не информира дека срцето што не знае да размислува и да медитира не е здраво. На срцето на верникот му треба ум што ќе ја зајакне верата на срцето, ум кој ќе ја разбере потребата за самоизолација во Хирата на размислување и убавината на медитацијата. Постот има посебно влијание врз градењето на силен и здрав мост помеѓу разумот и срцето. Ова е затоа што човекот кој пости, од ова месечно образование, излегува со силен морал да го продлабочи своето дејствување во градењето знаење, образование, вредности, со други зборови, уште повеќе да ја продлабочи соработката со принципите на доброто. Овој пат е предизвик и треба да ги отстрани блокадите на патиштата, како што се страстите и алчноста, треба да ја зајакне волјата за патување, како и да создаде можности за позитивно размислување. Поточно постот гради религиозна свест за да се формира и да се размислува позитивно, што очајно ни е потребна денес.

Човекот, за да го продолжи својот биолошки живот, треба да јаде, да пие и да се засолни. Тој исто така има инстинкт на самолубие, што го принудува да се обиде да живее најдобро што може. Од друга страна, тој исто така има потреба од развој на духот за да биде смирен и опуштен. Силниот акцент на биолошката димензија ги доведува до израз и ги прави моќни животинските елементи на човекот и, следствено, тој е отуѓен од неговата суштинска димензија како етичко суштество, додека екстремната моќ во духовната димензија го отуѓува од општеството и е во спротивност со човековата суштинска природа. Следствено на тоа, на човекот му треба рамнотежа помеѓу неговата биолошка и неговата духовна димензија за да ја постигне вистинската цел на своето место во овој простор на битието. Во овој контекст, месецот Рамазан ја поставува зделката помеѓу материјалната димензија и трансматеријалната димензија на човекот. Во културата на муслиманските народи, месецот Рамазан има посебен културен и уметнички сегмент кој вклучува и материјална и трансматеријална исхрана. Од една страна, софрата на ифтар и на суфур се пријатни, додека од друга страна не може да се опише задоволството од духовната атмосфера на секој момент во текот на денот и ноќта со постот.

За време на постот душата воспоставува супериорна врска со телото. Филозофијата на постот во исламот се заснова на зајакнување на здравјето на душата преку едукација на телото, но исто така и на зајакнување на здравјето на телото со едукација на душата. Со други зборови, верникот се разликува од оној кој не верува, по волја и свесност. Овие две доблести му даваат на верникот духовна моќ да ги оствари животните цели, но и активна телесна структура да го носи овој процес во неговите рамиња. Постот е најефективно искуство за силна волја и свесност и следствено на тоа за смирена душа и активно тело.

Филозофијата на постот се заснова на солидарност и синергија, може да се каже дека постот е просперитетен гостин за да се воспостави рамнотежа помеѓу индивидуата и општеството. Културата на Рамазан, со ифтари, намаз, рецитирање на Куранот (мукабеле), ва’зови (предавања), помош на сиромашните (садака) создава атмосфера на заедништво, солидарност и пренесување на вредностите во социјалниот простор. Постот предизвикува чувства на емпатија и алтруизам кај поединците во општеството. Притисокот на божествената милост за време на Рамазан предизвикува луѓето да се обраќаат едни на други за помирување и да се извинат за своите пропусти. Со други зборови, месецот Рамазан, за оние кои искрено го доживуваат, еден сосема поинаков свет.

Месецот Рамазан ја конкретизира социјалната врска помеѓу луѓето. Доаѓањето на Рамазан предизвикува муслиманите да се прифаќаат и честитаат едни со други и да создадат хомоген систем како резултат на почитување на богослужбата. Социјалната синергија се покажува дури и кога се одвраќа од злобните муабети и лагите, затоа што според изреката на пророкот (сал-лаллаху  алејхи ве селлем ), тој што не го чува својот јазик од лоши зборови, не треба да остане гладен и жеден за време на денот, затоа што на Бог не му треба неговиот глад и жед. Прекинувањето на лошите навики за време на Рамазан овозможува започнување на процес на свесност кон позитивно размислување и дејствување во општеството. Концептот за совршен човек може да се постигне, поточно, може да се оди кон него со тоа што човекот станува свесен за неговите недостатоци и пропусти и се обидува да ги подобри и замени лошите навики со добри. Овој напор е факт што, иако не со ист интензитет кај сите, е присутен за време на постот и другите богослужби во месецот Рамазан. Најсоодветен начин за постигнување на целта на постот е, фокусирање на обликување на нашата свест поврзувајќи ја со заповедите и забраните на Бога, следствено на тоа  сметање на овој процес како степен за реализација на подобра индивидуа и општество.